Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Среќен роденден, тато“: Ќерката на Ѓорги Колозов со објава на денот на неговиот роденден

„Среќен роденден, тато“: Ќерката на Ѓорги Колозов со објава на денот на неговиот роденден

На денешен ден, пред 77 години се роди Ѓорги Колозов – еден од најдобрите актери во нашата земја.

Колозов беше познат по „Македонските народни приказни“ и редовно влегуваше во улоги како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ. Тој беше вработен во Македонскиот народен театар, каде има учествувано во голем број претстави, меѓу кои и „Чорбаџи Теодос“, „Вујко Вања“, „Макавејските празници" и „Македонска крвава свадба".

Легендрниот македонски глумец почина на 13 октомври 2003 година, на 55-годишна возраст.

Со својата сопруга Шенка има две деца, Катерина и Кристина.

Токму на овој ден, Катерина со емоции се сеќаваше на својот татко и напиша порака на Facebook.

„Сите го памтат по приказните, но тој има одиграно стотици претстави во Македонскиот народен театар и во други театри. Некој на Википедија успеал да собере пристојна листа на претстави, и му благодарам за тоа (иако е далеку од потполна). Среќен роденен, тато, 26 февруари, убав датум...“ – напиша таа и сподели линк до страницата за Колозов на Википедија.

Ѓорги Колозов Ѓорги Колозов

Колозов е познат по својот талент, а има настапувано на сцените на најголемите македонски театри. Освен што е успешен актер, тој има значителен придонес и во македонската културна сцена. Колозов се истакна и со своите комични улоги, но и со драмските изведби, што го направи еден од најценетите актери во земјата.

Во текот на својата кариера, тој освоил бројни награди и признанија, кои го потврдуваат неговиот голем талент и посветеност на актерската уметност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24970 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.