Вчерашната средба на Меланија Трамп и кралицата Летиција во Белата куќа привлече големо внимание, а стајлингот на двете дами беше ставен под лупа.
45-годишната кралица на Шпанија се појави во истиот елегантен фустан од Мајкл Корс кој 47-годишната прва дама на САД го носеше минатата година, но во розова боја.
На која дама ѝ стои подобро?
Во својот стајлинг, сопругата на кралот Фелипе додаде розови салонки и чантичка и тенко сребрено коланче.
Креацијата во сина нијанса Меланија ја носеше за средба со панамскиот претседател Хуан Карлос Варела и неговата сопруга Лорена минатата година. Фустанот од американскиот дизајнер, Меланија го искомбинира со цветни обувки од Кристијан Лобутин.