Почетна » Новости » Мода » Со топла и идилична фотографска приказна Ирина Тошева претстави две нови мини колекции

Со топла и идилична фотографска приказна Ирина Тошева претстави две нови мини колекции

Ирина Тошева ја претстави новата ексклузивна модна соработка со Моки и Ресорт Маврово.

Станува збор за две мини колекции на облека и додатоци со потписот на Тошева, надополнети со илустрациите и ракописот на Моки, a изработени наменски за посетителите на Маврово.

„Удобноста е од најголема вредност изминатиов период. Првата колекција се состои од два типа пижами, кои освен пријатното чувство од памучниот материјал, како и лежерноста во кројот, делуваат мошне привлечно и елегантно. Горните парчиња може одлично да се стилизираат и да се носат дури и надвор. Украсени се со везени букви од Моки во кирилична и латинична варијанта. Пижамите се достапни во четири бои и четири конфекциски броеви. Остатоците материјал, пак, ги искористивме за маски за очи и вреќички” - објаснува Ирина Тошева.

Ирина Тошева колекција Ирина Тошева колекција Ирина Тошева колекција Ирина Тошева колекција Ирина Тошева колекција Ирина Тошева колекција Ирина Тошева колекција Ирина Тошева колекција Ирина Тошева колекција

Втората мини колекција, којашто дизајнерката ја нарекува „Разгледници од Маврово“, се состои од унисекс блузони и дуксери, со илустрациите на Моки, кои се појавуваат и на перниците и торбичките.

„Низ моите илустрации, на едноставен и суптилен начин се обидов да ги прикажам богатствата што ги нуди Маврово. Смирената атмосфера на цртежите одлично се вклопи со креациите на Ирина Тошева, создавајќи парчиња што се естетски привлечни, но и имаат посебна вредност, затоа што се сувенир којшто долго може да се носи на себе” - истакнува Моника Стојановска од Моки.

Ирина Тошева колекција Ирина Тошева колекција

Двете колекции се спакувани во топла и идилична зимска приказна со Кристина Филиповска од модната агенција “Подиум”. Фотографиите се дело на Александра Костадиновска. За шминката е заслужна Сим Салтирова.

„Сите производи се одличен сувенир, во лимитирани количини и може да се купат во Bistra Design Store во Хотел Бистра. Благодарна сум на можноста и довербата од тимот на Ресорт Маврово кои отворено ги прифатија сите мои идеи и предлози и помогнаа во реализација на истите” - заклучува Ирина Тошева.

Ирина Тошева колекција Ирина Тошева колекција

За сите оние кои сакаат сувенир кој ќе ги потсетува на Маврово, Bistra Design Store во Хотел Бистра во Маврово е местото, каде што ќе можете да најдете маички, дуксери, лончиња, беџови, торбички и други рачни изработки со мотиви од ова прекрасно место, изработени од македонски познати дизајнери и креативни студија. На тој начин секогаш ќе можете да носите дел од Маврово со себе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.