Почетна » Новости » Мода » Дизајнерката Ирина Тошева ја одбележа 10-годишнината од кариерата со настан во Вила Водно

Дизајнерката Ирина Тошева ја одбележа 10-годишнината од кариерата со настан во Вила Водно

Девојка со визија, млада дама која непрекинато твори и неуморно работи за напредок и издигнување во модниот свет.

Ирина Тошева својата кариера ја започна пред една деценија, а сега со отмен настан ја одбележа 10-годишнината од работењето.

На платото на Вила Водно, Тошева презентираше нова модна колекција и краток документарен филм, а доби поддршка од бројни соработници и пријатели, како и од Првата дама Елизабета Ѓоргиевска.

Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј

Колекцијата „ОУА“ е инспирирана од женските носии од јуруците од Радовишко, а за нејзино создавање, Ирина работеше половина година.

„Сметам дека соработката меѓу сите нас е навистина важна. Ми беше навистина огромно искуство и предизвик да го водам целиот овој проект последните шест месеци, особено што истражував култура која не ја знам, на јазик кој не го познавам, но мислам дека направивме еден одличен производ“ – изјави Тошева.

За изработката на колекцијата беа користени еколошки материјали со сертификати за составот и етичкото производство, како и дигитално печатење кое не троши вода, направено со еколошки текстилни бои. Беа користени рачни техники на доработка и плетење со памучни конци, инспирирано од техниките кои се користени во носиите на Јуруците од Радовишко. Затоа и колекцијата го носи името „Oya“ што претставува техника на рачна изработка со мониста и конци, која е во исчезнување.

Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј

Заедницата на Јуруците во Македонија постои од 14 век и останува верна на своите специфични обичаи. Дизајнерката престојуваше некое време таму и директно учествуваше во нивните обичаи и начин на живот, со поддршка на КХО на Турците од источна Македонија. Таа во дијалог со локалното население и експерти, почитувајќи ја традицијата, ги преведе елементите од облеките во современ моден контекст.

Документарното видео „Латици“ ги прикажува разговорите на неколку различни генерации од село Аликоч и проф д-р Владимир Јаневски фолклорист, околу нивната карактеристична и шаренолика облека.

Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј

Промоцијата се одржа на првиот ден од летото, поврзувајќи ги сите соработници и поддржувачи на едно место, на платото на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, под покровителство на г-ѓа Елизабета Ѓорѓиевска, со поддршка на Турски културен центар Јунус Емре- Скопје. Кабинетот на Претседателот, во рамки на своите заложби за поддршка на работата на младите креативци и претприемачи, го отстапи просторот за одржување на овој настан.

Г-а Ѓоргиевска истакна дека преку поддршка на вакви активности се придонесува за поголема видливост и поддршка за иновативни пристапи во дизајнот, модата и претприемништво кај нас, особено на младинското и женското претприемништво, како и нашето културно богатство, културната одржливост и екологијата.

„Турски Културен центар „Јунус Емре“ – Скопје го препозна искрениот импулс на Тошева да ги идентификува и чествува изворните и оригинални елементи на јуручката култура и со задоволство ја поддржи нејзината работа во овој контекст. Вечерва сме сведоци на организација која ја докажува универзалноста на уметноста“- изјави г-дин Серхат Кула, директор на Турски културен центар „Јунус Емре“ Скопје.

„Богатството на нашата земја е што изобилува со разнолики културни традиции. Дијалогот и соработката меѓу нив ни даваат голема вредност. Наша обврска е да ја одржиме врската со културните традиции, работејќи на иднината со одржлив развој“- појасни Ирина Тошева.

Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј

За презентација на колекцијата беше изработен и моден едиторијал во соработка со модниот фотограф Антонио Станков и модно видео со музика од Фолтин. Заштитни лица на кампањата се Кристина Рачиќевиќ, Кристина Филиповска, Кони Маркова и Бојан Петровски. Шминката и фризурата се на Ива Петровска и Ирена Сенокозлиоска, директор на фотографија е Марјан Петковски.

Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј Ирина Тошева - јубилеј

Фотографии: Александар Буневски / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.