Кралицата Летиција поседува бројни дизајнерски креации од модни куќи како Каролина Ерера, Фелипе Варела и Хуго Бос, но многу често за јавните појавувања избира облека од пристапни брендови како Zara.
Денеска таа одржа прием во резиденцијата во која живее со кралот Фелипе и двете ќерки во Мадрид, а на настанот се појави во твид фустан од Zara кој моментално е на намаление и чини само 999 денари.
46-годишната поранешна новинарка е кралица на Шпанија од 16 јуни 2014 година.