Почетна » Новости » Мода » Сите фотографии од новата кампања на Mango со Кендал Џенер

Сите фотографии од новата кампања на Mango со Кендал Џенер

Mango го презентира „Племенскиот Дух“, првиот од четирите трендa кои ќе бидат прикажани во рекламните кампањи за пролет/лето 2016.

Компанијата се ослони на познатата американска манекенка Кендал Џенер за да ја претстави колекцијата на несопирлива убавина и културна фузија, карактеристична за најдивите савани.

Кендал Џенер Кендал Џенер Кендал Џенер

„Племенскиот Дух“ е февруарски тренд инспириран од етно мотивите. Комбинацијата на материјали со принт и антилоп го оживува природниот карактер на обичниот тренд за време на летната сезона. Експлозија на земјени нијанси, со бои како сенф, кафени и песочни тонови се комбинираат со изобилство на модни додатоци за да се создадат комбинации со племенски влијанија и слободен дух.

Кендал Џенер Кендал Џенер

За колекцијата и нејзината последна соработка, Кендал вели: „Почестена сум што ме избраа да го претставувам делот на „Племенски Дух“ од колекцијата. Уживам да ги носам парчињата, материјалите и формите – навистина ја отсликуваат привлечноста на природата од која е инспирирана колекцијата. Сликите кои ги направивме на сетот ги рефлектираат природните нијанси, истовремено покажувајќи убави и маркантни парчиња! Снимањето беше навистина одлично и работењето со целиот тим на MANGO беше неверојатно искуство!“

Кендал Џенер Кендал Џенер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20852 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.