Доналд и Меланија Трамп ја завршија 9-дневната турнеја низ Блискиот Исток и Европа. Тоа воедно беше и првата официјална меѓународна турнеја на Доналд во улога на претседател на САД.
Стилот на Меланија привлекуваше огромно внимание низ целиот свет. На почетокот се дискутираше нејзината одлука да не ја покрива главата за посетата на Саудиска Арабија, а на крајот стана сензација палтото кое таа го носеше при пристигнувањето на Сицилија, бидејќи чинеше 51.500 долари.
47-годишната прва дама на САД го заврши патувањето со неколку комбинации од Доменико Долче и Стефано Габана.
На последниот настап таа изгледаше елегантно во црн фустан со блескави декорации од Долче и Габана и розови салонки од Кристијан Лобутин.
За време на Самиот Г-7 на Сицилија, Меланија се појави во блескав фустан од Долче и Габана и цветен макси фустан од истото дизајнерско дуо.
На Сицилија, Меланија пристигна со впечатлив стајлинг во кој главната улога ја имаше цветно палто кое чини 51.500 долари.
За пристигнувањето во Брисел, Меланија носеше креација од Мајкл Корс и обувки од Маноло Бланик.
За посетата на музејот на Рене Магрит и детска болница, таа избра бежов костум од белгиската модна куќа Maison Ullens.
По повод посетата на кралскиот дворец во Лекен, Меланија блескаше во црн фустан и сандали од Долче и Габана.
Во Ватикан, за приемот кај папата Франциско, Меланија носеше црна креација од Долче и Габана и превез на главата, согласно протоколот.
И на пристигнувањето во Италија и на заминувањето, Меланија беше облечена во црни креации од Долче и Габана.
Бел костум од Мајкл Корс беше изборот на Меланија за пристигнувањето во Тел Авив.
За време на посетата на Израел, таа мамеше погледи и во бел фустан од Роксанда Илинчиќ и црн фустан од Долче и Габана.
Во Саудиска Арабија, Меланија блескаше во виолетов фустан од Рим Акра.
Во Ријад таа носеше и бел костум од Долче и Габана и сафари кошула-фустан од Ралф Лорен.
На првата „станица“ од патувањето, Меланија носеше црн комбинезон од Стела Мекартни и златен колан од Сен Лоран.