Меган Фокс зачекори во четвртата деценија од својот живот. Убавата актерка денес ќе го прослави својот 31. роденден.
Атрактивната ѕвезда, која често пати е нарекувана секс симбол, на 13-годишна возраст започна да ја гради својата кариера како модел. Во 1999 година, таа се закити со неколку награди на Конвенцијата на американски модели и таленти во Јужна Каролина.
Само две години подоцна, таа одлучи да ја следи својата желба да стане актерка. Првите чекори во филмскиот свет Меган ги направи во 2001 година, со добиената улога во филмот „Holiday in the Sun“. Нејзини поголеми филмски улоги се во филмовите „Transformers“,„Teenage Mutant Ninja Turtles“, „Jennifer's Body“ и „How to Lose Friends & Alienate People“.
Од 2004 година, Фокс е во брак со актерот Брајан Остин Грин и заедно имаат три сина. Во август 2015 година, Меган поднесе документи за развод, но постапката беше прекината откако таа дозна дека е бремена со третото дете.
По повод роденденот на Меган, погледнете 31 од нејзините највпечатливи стилски моменти: