Садек Маџед откри на што работеше изминатиот период. Либанскиот дизајнер со фотосесија ја презентираше новата колекција висока мода за сезоната есен/зима 2024 година.
Свечените фустани од колекцијата насловена „Anemoia“ ќе ги примамат сите гламурозни дами кои секогаш сакаат да се истакнуваат од толпата.
„‘Anemoia’ шепоти низ вековите, потсетувајќи нè на безвременската привлечност на винтиџ естетиката и трајната сила на женственоста“ – пишува Садек.
Сите модели се надополнети со складни шапки и шешири.