Во рамките на промотивната турнеја за нејзиниот нов филм „The Unforgivable“, Сандра Булок гостуваше во шоуто на Џими Кимел.
57-годишната филмска ѕвезда шармираше во ефектен кадифен костум од британскиот бренд Temperley London и истобојна кошула. Виолетовата облека таа ја надополни со златни обувки од Алехандре Бирман и златно синџирче.
Во драмата „The Unforgivable“, Булок влегува во улогата на Рут, жена осудена за убиство, која по излегувањето од затвор се обидува да ја пронајде својата помала сестра.
Трејлер
Филмот ќе започне да се прикажува во одредени кино сали од 25 ноември, а на Netflix од 10 декември.