Rosa Clara ги остварува соништата на дамите со рафиниран вкус кои нетрпеливо чекаат да им кажат „ДА“ на саканите.
Колекцијата висока мода 2020 на модниот бренд од Барселона нуди широк спектар романтични венчаници.
Креациите кои ја истакнуваат женската фигура се рачно изработени од нежни материјали и богата чипка, а вешто поставените мониста и 3D цветови се ефектни детали кои ги прават уште поатрактивни за припадничките на понежниот пол.
„Колекцијата внесува софистицираност во невестинската мода, балансирајќи елеганција со современ стил за да се создаде нешто навистина магично“ – велат од модната куќа.