Од ателјето на дизајнерката Роса Клара постојано никнуваат нови и нови модни дела кои ги освојуваат дамите со префинет стил.
Најновата колекција свечени фустани на брендот повторно ги привлече дамите кои се стремат кон отмен изглед за специјалните прилики.
„Секој коктел фустан од Роса Клара е олицетворение на елеганција. Моделите имаат класичен стил со современи ноти за оние екстра специјални прилики. Коктел фустани, вечерни тоалети и коктел комбинезони... сите се надополнети со прекрасни женствени детали и се достапни во голема палета на бои“ – пишуваат од брендот.