Венчаниците од новата колекција на Rosa Clara имаат моќ да направат секоја невеста да се почувствува како божица.
Префинетите невестински фустани од познатата дизајнерка лесно се пробиваат до срцата на идните невести. Нежни ткаенини, богата чипка, женствени силуети и вешто поставени кристали и мониста... новите креации на барселонскиот бренд ги мамат дамите кои претпочитаат софистициран изглед со мала доза сексапил.