Неколку дена откако се заколнаа на вечна љубов, Џенифер Лопез и Бен Афлек отпатуваа во Франција. На медениот месец во Париз, парот е заедно со децата.
Нивното излегување во ресторанот „Le Matignon“ не остана недокументирано од папараците.
52-годишната ѕвезда носеше црвен макси фустан од брендот Forte Forte и бежови обувки на платформа додека 49-годишниот актер беше облечен во костум.
Бен и Џенифер беа уловени и како си разменуваат бакнежи, а до нив беше фотографирана неговата најголема ќерка од бракот со Џенифер Гарнер, Вајолет.