Ријана многу добро знае како да привлече внимание. Негувајќи го својот имиџ на „лоша, откачена девојка“, таа ја заврши својата нова ревија на мотор.
Облечена во креации од колекцијата пролет/лето 2018, Ријана со бакнежи ја поздрави публиката.
Мотокрос возачи ја зголемуваа возбудата кај гостите на шоуто на кое беше прикажана новата колекција на Ријана во соработка со Puma.
Меѓу манекенките беа и Адријана Лима, Тејлор Хил, Каја Гербер и Џоан Смолс.
Видео од ревијата
Пред само неколку дена, Ријана ја лансира својата прва колекција шминки.