Ријана е првата жена која ја добива наградата „Обувки на годината“, што традиционално ја доделува Footwear News.
Патиките Fenty Puma Creeper, кои славната пејачка ги дизајнира во соработка со Puma, беа распродадени само 3 часа по пуштањето во продажба минатата година и сè уште привлекуваат фанови.
Ријана изјави дека ниту во најлудите соништа не си замислувала дека ќе биде почестена со ваква награда.
Footwear News го прави својот избор според повеќе параметри како продажби, популарност на социјалните мрежи и фидбек на потрошувачите.
Меѓу славните лица кои ги обожаваат патиките на Ријана се Џесика Алба, Кара Делавин и сестрите Бела и Џиџи Хадид.