Ријана продолжува да негува несекојдневен труднички стил, експериментирајќи со комбинации кои ѝ го разголуваат сè поголемото стомаче.
Популарната музичарка присуствуваше на ревијата на Гучи заедно со Ејсап Роки и уште еднаш ги привлече погледите на фановите со необичен стајлинг. Додека на главата носеше огледален аксесоар која асоцира на Клеопатра, за модниот настан таа избра краток топ со латекс и чипка, црни панталони и виолетова крзнена наметка.
Говорејќи за бременоста, таа изјави: „Знаете, сите промени низ кои минува телото се затоа што создаваш нова личност, нов живот. Дури и кога читам на сите апликации и откривам што прави моето тело, што прави бебето оваа седмица, ме вчудовидува. Бог не прави грешка, сè се случува со причина. Уживам и очекувам. Сè е возбудливо. Ова е многу кул патување.“
На забавата организирана од Гучи во Милано, Ријана се појави во тесен црн фустан кој ѝ ги оцрта облините.