Принцезата Шарлин заблеска на настан во Монте Карло чиј домаќин оваа година беше дизајнерот Кристијан Лобутин.
46-годишната принцеза на Монако носеше гламурозен комбинезон на свеченоста со диско тематика. Ова е нејзино прво појавување на настанот „Bal de la Rose“ во последниве 10 години.
Шарлин позираше со принцот Алберт и изгледаше шармантно со новата фризура.
Светкавата креација е дело на либанскиот дизајнер Ели Сааб.







