Принцезата Кетрин и принцот Вилијам присуствуваа на отворање на кралска универзитетска болница во Ливерпул.
Кралскиот брачен пар со широка насмевка минуваше покрај бројната толпа и фоторепортерите.
Кетрин и Вилијам беа облечени во модни комбинации во складни нијанси.
Ова е нивно прво појавување во јавност по објавувањето на мемоарот на принцот Хари во кој тој открива многу детали за нарушените односи во кралското семејство.