Принцезата Кетрин не дозволи нејзината битка со ракот да ја спречи да присуствува на финалето на Вимблдон.
Како патрон на „All England Lawn Tennis Club“, 42-годишната припадничка на британското кралско семејство им ги додели наградите на победникот Карлос Алкараз и на Новак Ѓоковиќ. Облечена во виолетова креација од Safiyaa, Кетрин изгледаше беспрекорно елегантно. Во својот изглед, таа додаде белегзии од Halcyon Days Ltd.
Кетрин беше придружувана од принцезата Шарлот и од сестра си Пипа, додека принцот Вилијам и принцот Џорџ го следеа финалето на Европското првенство во фудбал.
При своето појавување, таа доби силен аплауз од сите присутни.
Во март оваа година, Кетрин објави дека има рак кој ѝ бил дијагностициран по операцијата на стомакот. Таа прима хемотерапија како превентивна метода за спречување на ширење на болеста.