Pronovias е синоним за фустани кои обединуваат елеганција, гламур и префинетост. Најновата колекција вечерни креации на шпанскиот бренд ги остварува женските модни соништа, бидејќи нуди совршени предлози за сите свечености и прослави.
„Новата неверојатно елегантна колекција 'Коктел 2018' е дизајнирана за да направи секоја жена да блесне во најспецијалните моменти“ - порачуваат од ателјето во Барселона.
Силуетите тип „сирена“ ги следат контурите на женското тело, фустаните со отворен грб или V-израз ја потенцираат женствената сензуалност и софистицираност, асиметричноста во горниот дел им дава нов шмек на траиционалните кроеви, додека цветните дезени се нов момент во модната ризница на Pronovias.