Меланија Трамп не дозволи двапати да биде фотографирана во ист стајлинг. Додека заедно со Доналд Трамп се упатуваше кон Брисел по повод самитот на НАТО, првата дама на САД привлекуваше погледи со две комбинации.
Кога ја напушти Белата куќа во Вашингтон, таа носеше бежово миди здолниште од Мартин Грант, црвена блуза од Ралф Лорен и чевли од Кристијан Лобутин.
Откако претседателскиот авион слета во Белгија, Меланија зачекори по скалилата во нова комбинација која вклучуваше мантил од Барбери и чевли повторно од Лобутин.