Почетна » Новости » Мода » „Предвесник“: Новата пролетна колекција на младиот македонски дизајнер Ѓорѓи Петрушев

„Предвесник“: Новата пролетна колекција на младиот македонски дизајнер Ѓорѓи Петрушев

Ѓорѓи Петрушев има нова модна колекција.

Младиот македонски дизајнер ги претстави пролетните креации од колекцијата насловена „Предвесник“ која, како што вели тој, ја раскажува приказната за преминот од зима во пролет.

„Предвесник е колекција која ја раскажува приказната за преминот од зима во пролет, за магијата која го оживува и обојува светот, момент кој ги најавува убавините кои доаѓаат“ – изјави Ѓорѓи за Femina.mk.

Ѓорѓи Петрушев колекција Ѓорѓи Петрушев колекција Ѓорѓи Петрушев колекција

„Разбудувањето од ладната зима и преминот во новата сезона е прикажано преку боите инсприрани од модните илустрации на Марсел Вертес, полноќно сина која го претставува мрачниот ладен зимски период и розевата која го претставува расцутувањето на пролетта. Две контрастни бои кои заедно создаваат хармонија.“

„Колекцијата ја сочинуваат вечерни couture креации, кои се рачно изработени, везени и плисирани. Играта и изборот на ткаенини, исто така претставува контраст, како на пример свила, волнен штоф, кадифе и сатен, сите овие материјали додаваат кон карактерот на креациите. Ноќното зимско небо и неговите ѕвезди се прикажани на една од креациите, која има рачно извезен мотив од безброј монистри опкружени со мекоста на кадифето. Розевите креации имаат поголема флуидност, поради леснотијата на материјалите од кои се изработени“ – дополни Петрушев.

Ѓорѓи Петрушев колекција Ѓорѓи Петрушев колекција Ѓорѓи Петрушев колекција Ѓорѓи Петрушев колекција Ѓорѓи Петрушев колекција Ѓорѓи Петрушев колекција Ѓорѓи Петрушев колекција Ѓорѓи Петрушев колекција Ѓорѓи Петрушев колекција Ѓорѓи Петрушев колекција

Моделот кој ги носи креациите е Бојана Нушкова, а за фотосесијата се погрижила Кристина Велковска.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.