Пред неколку дена, се одржа традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор во Скопје.
Како домаќин на овој дипломатски настан, претседателот Стево Пендаровски беше придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.
Македонската прва дама зрачеше со елеганција во отмен стајлинг додека заедно со својот сопруг ги поздравуваше присутните.
„Ме радува што во изминатиот период го задржавме интензитетот на контактите и партнерските односи додека разговаравме за различни аспекти од билатералната и мултилатералната соработка, европската интеграција, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко, реформите и политичките случувања кај нас.“
„Како претседател на држава којашто се наоѓа во турбулентен регион, во изминативе, безмалку пет години настојував да водам балансирана, транспарентна и предвидлива надворешна политика, во интерес на мирот и безбедноста, добрососедството, стабилноста, просперитетот и заедничките вредности коишто ги споделуваме со демократските земји“ – изјави Пендаровски.