Меланија Трамп го придружува својот сопруг Доналд Трамп на официјалните средби со светските лидери. Во изминативе денови, првата дама на САД присуствуваше на неколку официјални средби, а во секоја пригода, изгледаше модерно и елегантно.
За време на викендот, Меланија и Доналд престојуваа во Флорида заедно со јапонскиот премиер Шинзо Абе и неговата сопруга Аки. За време на летот, Меланија носеше кошула и дамски бели панталони од Мајкл Корс.






Додека со Аки Абе ги разгледуваше музејот Мориками и јапонските градини, Меланија шармираше во долг бел фустан од Келвин Клајн и балетанки од Кристијан Лобутин.











За вечерата во ресортот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Меланија облече црн фустан од Долче и Габана и салонки од Лобутин.






Денес, Доналд и Меланија се сретнаа во Вашингтон со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара. 46-годишната Меланија носеше бел комплет од Карл Лагерфелд.












