Враќајќи се назад во 1952 година, лансирањето на првиот Breitling Navitimer се запиша во историјата на часовничарството како часовник за авиатичари доследен на духот на Breitling во креирањето на Инструменти за Професионалци.
Со инкорпориран логаритмар (slide-rule bezel), овој часовник повеќе од 65 години претставува синоним во авијатичарството како прв избор на безброј пилоти.
Откако Georges Kern го превзеде Breitling како извршен директор во 2017 година, негова мисија беше да го редизајнира овој најпознат бренд на часовници.
Најголемата опсесија му стана приближувањето кон женската популација преку поместување од позицијата на хипер-мачо бренд која беше перцепирана од светската популација. Тоа го направи лансирајки модели како Navitimer 38 во 2018 кои беа привлечни и за мажи и за жени. 35-милиметарската верзија на овој часовник лансиран деновиве покажува дека Breitling е на вистинскиот пат кон женските срца, оние срца кои живеат за авантура, но и елеганција.
Модернизирање на глобалната претстава за перфектен женски часовник
Оваа нова линија на Breitling, дизајнирана специјално за жени, настана преку длабинското истражување на наследството на овој бренд.
Освојувањето на женското срце секако дека одамна е опсесија на сите Швајцарски брендови. До сега сме виделе широк спектар на обиди на клучни играчи со успешни, но и неуспешни изведби. Можеби изнененадувачки, стануваме сведоци на раѓањето на една храбра и безвремена женска реинтерпретација на еден иконски модел – Breitling Navitimer.
Денес, ја имаме честа да ви ја претставиме новата Breitling Navitimer 35 колекција; креирана како стилски одговор на барањата за женствена и рафинирана верзија на оваа колекција:
Breitling Navitimer 35 доаѓа во 6 различни верзии со метално ремче
Со своето 35 милиметарско куќиште изработено од челик или од 18 каратно розе злато; како и елегантниот бројчаник кој доаѓа во сребрена, сина и бакарна боја, надополнета со препознатливиот ротирачки Navitimer безел со slide-rule функција и ремче од медицински челик; на оваа колекција и прави спој на историскиот печат на брендот и софистицираноста на современиот часовник.
Сведоштвото на дизајнот за современа елеганција и женственост, притоа следејќи го retro-modern белегот на оваа колекција; го надополнуваат уште три луксузни верзии збогатени со бисерен(mother of pearl) бројчаник и дијаманти.
Најлуксузната верзија во колекцијата е комплетно изработена од 18 каратно куќиште и ремче.
Breitling Navitimer 35 колекцијата збогатена со додатни 3 модели со луксузно алигаторско ремче
Breitling како бренд фокусиран на модерните конзумеристи ја збогатува новата Navitimer 35 колекција со дополнителни 3 модели со луксузно алигаторско ремче во уникатни бои комплементарни на бојата на бројчаникот на секој модел.
Заедно со извонредните атрибути на дизајнот на оваа колекција доаѓа и автоматски механизам - калибар 17 кој овозможува 38 часовна резерва на енергија.
Како и кај сите останати Breitling модели, механизмот на Navitimer 35 колекцијата е COSC сертифициран. Овој сертификат гарантира прецизност на механичкиот часовник до 99,99%, или отстапки помали од -4 / +6 секунди на ден.
Земајќи го во предвид фактот дека само 5% од часовниците произведени во Швајцарија се COSC сертифицирани, можеме со сигурност да потврдиме дека со своите Инструменти за Професионалци Breitling гази цврсто кон #legendaryfuture
Повеќе за цени и технички детали на оваа колекција на следниот линк: Breitling Navitimer 35
Извор: Божиновски часовници и накит