Изразен сексапил и модерна елеганција зрачат од најновата невестинска колекција на Berta.
Со колекцијата „Атина“, дизајнерката Берта Балилти допира до идните невести кои не се плашат да посегнат по венчаници кои ја истакнуваат женската силуета.
Моделот на Victoria’s Secret, Лорена Реј, е ѕвезда во рекламната фотосесија снимена во Атина.
„Прекрасниот антички град Атина не беше случајно избран како локација за снимањето на оваа рекламна кампања. Кој град подобро би ја раскажал приказната за оваа луксузна колекција? Секоја креација на Berta е безвременско ремек-дело, па не постои град кој подобро од Атина би помогнал да се раскаже приказната за оваа колекција. Автентичноста и живописноста на градот уште повеќе ги истакнуваат овие уметнички дела креирани од Berta“ – велат од ателјето.