Ели Сааб константно потенцира дека преферира женствена елеганција пред екстраваганција, а со најновата колекција невестински фустани го покажува тоа и на дело.
Либанскиот дизајнер ја презентира колекцијата венчаници за сезоната пролет 2022 година, а фустаните лесно ќе им се протнат под кожа на идните невести.
„Едноставни, безвременски силуети се реинтерпретирани со иновативни техники и интригантни детали, оформувајќи волшебна женственост“ – појаснуваат од брендот.
Тридимензионални флорални декорации, деликатни пердуви и разиграни мониста ги красат префинетите модели.