Зухаир Мурад уште еднаш докажа зошто е еден од најпознатите дизајнери во светот.
Либанскиот креатор создаде фантастична невестинска колекција која со сигурност ќе стигне до срцата на многу идни невести.
Венчаниците за сезоната лето 2025 се украсени со златни детали и секој од нив дава сјај кој потсетува на медитеранското сонце.
„Тргнувајќи на патување во длабочините на феникиската историја, оваа невестинска колекција го отелотворува безвременскиот дух на древната цивилизација. Секоја креација служи како таписерија, украсена со златни детали кои даваат суптилен сјај кој потсетува на медитеранското сонце“ - стои во описот на колекцијата.