Дрес кодот на Royal Ascot, настан посветен на коњски трки и мода, е детално дефиниран и освен што забранува кратки/разголени/прегламурозни фустани, „заповеда“ дамите да носат шапки или модни додатоци на главата чија основа е 10 cm.
И годинава гостинките се натпреваруваа со изборот на ефектни креации со кои ги збогатуваа своите фризури. Додека некои од нив изгледаа кралски, други оставаа комичен впечаток.
Членовите на британското кралско семејство се редовни гости на престижниот настан.