Џесика Мулрони е ѕвезда во најновото издание на „Harper’s Bazaar“. За познатото списание, најдобрата пријателка на Меган Маркл сними моден едиторијал и зборуваше за својата работа, животот и личниот стил.
38-годишната стилистка позираше во разни комбинации со модни парчиња од брендови како Кристијан Диор, Гучи, Кристијан Лобутин, Луј Витон и Алтузара.
Џесика изјави дека пријателството со војвотката Меган е едно од нештата во животот кои ги чува подалеку од јавноста.
„Ова е моето прво интервју по свадбата (на Меган и принцот Хари). Слушнете, секоја личност треба да има малку приватност во животот. Има одредени нешта кои ми се многу драги и ги чувам во тајност. Постојат нешта за кои никогаш нема да прозборам. Мојот живот е отворена книга, но секогаш постојат неколку тајни страници назад, кои никој нема да може да ги прочита“ – изјавила таа.
„Стилизирањето е толку мал дел во мојата работа. Имам, всушност, 10 работи. Луѓето не знаат дека работам толку многу, си мислат дека само ги облекувам луѓето. Мојот бизнис е со брендовите“ – објаснила Мулрони, која е неофицијален стилист и на Меган.