Наоми Кембел предизвика одушевување на ревијата на Александар МекКвин.
52-годишната манекенка дефилираше на модната писта во Гринвич, Англија, облечена во блескава креација со исечоци која одлично ѝ ја истакна витката фигура.
Славната убавица зрачеше со сексапил додека ги освојуваше погледите на присутните.
На ревијата беше презентирана колекцијата пролет/лето 2023 на британската модна куќа.