„Поезија во движење“ е најновата колекција на Ели Сааб, која беше прикажана во Париз. Либанскиот дизајнер раскажа „бајка за човечка љубов која преминува во надреално царство“.
Инспирирана од балетот Жизел, колекцијата се темели на мрачна романтика, при што најдоминантни се пурпурна, кралска сина, индиго сина и црна боја.
„Сакав нешто богато. Можеби е помалку комерцијална од претходните и подраматична“ – коментирал Сааб за колекцијата есен/зима 2017.