Силуетите од 60-тите години ја дефинираа рамката на новата колекција на Зухаир Мурад.
На пистата во Париз, либанскиот дизајнер прикажа креации инспирирани од безгрижноста и шармот на Франсуаз Арди и Брижит Бардо.
Како што и се очекува од Мурад, во сите модели за сезоната есен/зима 2017 се инкорпорирани женствени елементи како панделки, плисе, карнери, тантела и цветни везови.