Наташа Карчева преку фотосесија ја обелодени новата колекција „Моќта на убавината“.
„Акцентот на целата колекција, како што кажува и самото име на колекцијата, е моќта на убавината, убавината на жената која овој пат е малку похрабра да го истакне своето тело преку длабоките отвори, прозрачните материјали, откриените делови од телото. Наменета е за малку похрабрите, кои сакаат да ја истакнат својата убавина на малку попровокативен начин“ – велат од ателјето.
Пејачката Сања Сани Гроздановска позираше во најновите креации на Al Aparel во Hotel Mirror.