Почетна » Новости » Мода » Моника Белучи во кампања на Долче и Габана посветена на мајките и семејствата

Моника Белучи во кампања на Долче и Габана посветена на мајките и семејствата

Доменико Долче и Стефано Габана создадоа интересна рекламна кампања посветена на мајките и семејството. Дизајнерското дуо ги објави промотивните фотографии за колекцијата „Viva la Mamma!“.

Мајки, татковци, баби, дедовци, деца и повремени „минувачи“ како бојаџии, шминкери и фризери застанаа пред објективот на Доменико.

50-годишната Моника Белучи, како долгогодишна муза на Долче и Габана, доби свое место и во оваа кампања.

Колекцијата за сезоната есен/зима 2015-2016 е инспирирана од мајките. Детски цртежи и слогани за љубовта кон мајките прекриваат многу од креациите. Значаен мотив е и црвената роза, но не само затоа што тоа е цвеќето кое се подарува во Италија за Денот на мајките, туку и затоа што омилен спомен од детството на Стефано му е мирисот на роза на црвениот кармин на неговата мајка.

Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана Долче и Габана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.