Шанел однесе гламур во комунистичка Куба. Кабриолети во различни бои ги превезуваа гостите низ Хавана, манекенки со беретки и „панама“ шапки дефилираа на уличното шоу под отворено небо, а на крај, Карл Лагерфелд се поклони пред веселата толпа.
82-годишниот креативен директор на Шанел покани над 700 гости во островската земја, меѓу кои и супермоделот Жизел и актерите Тилда Свинтон и Вин Дизел.
Беретките веројатно беа елементот кој ги обединува француската и кубанската култура. Повеќе манекенки носеа светкави беретки, кои се поврзуваат со имиџот на Че Гевара. Од друга страна, машките модели дефилираа со панама шапки и кубански пури.
Иако многу Кубанци се израдуваа на модниот спектакл, многумина упатија и остри критики заради тоа што луксузен бренд презентира скапа мода во сиромашна држава. Креациите на Шанел не се продаваат во Куба, а дури и во случај да се продаваа, најголем дел од населението не може да си ги дозволи.
Погледнете креации од колекцијата круз 2017: