Џенифер Лопез доби значајно признание од страна на списанието „Elle“. На настанот посветен на жените во Холивуд, 54-годишната актерка и пејачка ја прими наградата „Икона“.
На свеченоста, која се одржа во Лос Анџелес, Џеј Ло носеше креација од Грејс Линг со футуристички додаток, кој отскриваше дел од нејзините гради. Таа доби многу негативни коментари за својот изглед.
„Изгледа пресмешно“, Сигурно се чувствувала непријатно во тој неудобен горен дел. Се прашувам како дизајнерот ја натерал да го носи овој фустан“ и „Колку грд фустан, ако може и да се нарече фустан“ – се дел од коментарите онлајн.
Бен Афлек ја придружуваше својата сакана на овој важен момент.
@ellemagazine What is he whispering? Wrong answers only. #ELLEWIH #jenniferlopez #benaffleck #ellemagazine ♬ original sound - ELLE (US)
@ellemagazine Listen up! #ELLEWIH honoree and Icon Award winner @JLO tell us what it takes to be an icon. #ellemagazine #jenniferlopez ♬ original sound - ELLE (US)