Џенифер Лопез е позната по својот добар стил, но се случува и таа да направи модно промашување.
На премиерата на „Atlas“ во Мексико, 54-годишната актерка и пејачка се појави во бел слоевит фустан, кој потсетуваше на наметка и доби поделени коментари.
Провидната креација доаѓа од колекцијата есен/зима 2024 на брендот Chloé, а Лопез ја искомбинира со сандали на ултра висока платформа.