Меланија Трамп речиси никогаш ги повторува своите стилски комбинации. Но, овојпат направи исклучок.
Сопругата на Доналд Трамп по вторпат облече миди фустан кој го носеше и пред седум години. Црвената креација од Валентино таа ја искомбинира со салонки од Кристијан Лобутин.
Елегантниот аутфит Меланија го избра за хуманитарна вечера, организирана за собирање на средства за организација која се залага за правата на ЛГБТ заедницата.
Настанот се одржа во Trump Tower.
Црвениот фустан Меланија за првпат го носеше во 2017 година, за средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и неговата сопруга.