Слободно може да се каже дека Џурџа Тедески заслужено е нарекувана „модна икона“.
На нејзина адреса континуирано пристигнуваат само позитивни критики за препознатливиот стил, а нејзиното присуство не поминува незабележано на ниту еден настан.
Тедески негува авангарден стил и во нејзините стилски комбинации најчесто доминираат темните бои. Вљубеничката во модата обожава ексцентрични шапки и шешири и вешто ги вметнува во своите стајлинзи.
Џурџа, која е мајка на сопственикот и основач на врвната компанија „Атлантик Група“, ќе ви покаже дека стилот не бледнее со годините.