Меланија Трамп ја продолжи британската турнеја со фустан од Англичанка – Викторија Бекам.
Дипломатскиот моден избор на Првата дама на САД се сведе на колоритен фустан кој чини 1.750 евра.
48-годишната сопруга на Доналд Трамп беше во посета на „Royal Hospital Chelsea“, пензионерски дом во кој живеат околу 300 воени ветерани. Меланија беше придружувана од Филип Меј, сопругот на британската премиерка Тереза.