Самка Чериќ и Хатиџа Чолаковиќ се вистински модни икони кои инспирираат со стилот и желбата за дотерување.
Невозможно е да не ги забележите дамите од Сараево. Иако едната има 81, а другата 70 години, тие се истакнуваат од толпата со нивните ведри и одлично смислени модни комбинации каде и да се појават.
Модерното дуо вели дека сака да ги инспирира жените од Босна и Херџеговина да се грижат за нивниот изглед без разлика на возраста.
За босански медиум, Самка изјавила дека по нејзиното враќање од САД, каде се преселила по војната, била изненадена што жените во Сараево повеќе не се дотерувале како порано.
„Не ми се верува дека жените толку ја изгубиле волјата. Пред војната, жените од Сараево важеа за најубавите и најдотераните“ – рекла Самка.
Самка и Хатиџа велат дека не купуваат скапа облека и дека за добар стил не ти требаат многу пари, туку многу креативност.
„За тоа не ти требаат многу пари, туку само малку чувство за стил. Жената не е родена за да биде зад шпорет и да чисти, мора да се грижи за себе. Штом вие се сакате себеси, ќе ве сакаат и луѓето околу вас“ – дополнила Самка.