La Sposa го има одговорот на секое женско барање за префинет стајлинг за најсвечените прилики. Барселонскиот бренд, кој стои под капата на модната групација Pronovias, ги претстави креациите за 2017 година.
Колекцијата „It’s My Party Cocktail Dress“ нуди огромен избор на фустани за коктел забави и специјални настани, како и подискретни и елегантни стилови за посериозни церемонии.