Амал Клуни беше гостинка на конференцијата за жени на „Watermark“, заедница чија цел е зголемување на бројот на жени на лидерски позиции.
40-годишната адвокатка и активистка зборуваше за нејзината донација со Џорџ Клуни од 500.000 долари за претстојниот протест „March For Our Lives“ (Марш за нашите животи). Станува збор за марш организиран од учениците во училиштето во Паркленд, Флорида, каде неодамна во вооружен напад ги изгубија животите 17 лица.
„Одушевена сум од овие ученици. Тие се најдобриот двигател и најдобрата надеж за промена... Маршот на кој ќе присуствуваме е нивен марш. Тие ми даваат надеж“ – изјавила таа.
На настанот Амал се појави облечена во фустан со динамичен принт од Дајен фон Фирстенберг.