Сите сме желни за малку магија, волшебна симболика која нè повлекува кон нови патешествија. А со Rebecca, преодот кон посакуваните позитивни вибрации е гарантиран.
Италијанскиот бренд, кој го заведе и македонскиот пазар, разнежува и инспирира со лимитирана колекција – минимална, рафинирана, изработена од сребро 925 со позлата.
Изберете приврзок кој ќе ве потсеќа на силите кои го движат светот: љубов, верба, надеж, среќа, истрајност и преродба... А во центарот на овој универзум сте ВИЕ!
Замислете желба кога првпат ќе ја ставите амајлијата на себе, врзувајќи го свилениот конец со чвор: Еден чвор е за една желба, но посигурно стои ако ставите два, а може и повеќе. 🙂
Верба
Симбол: Рак
Неверојатна сила што создава чувство на безбедност и спокој: само со верба во себе, можете да ја предодредите својата судбина.
Носете ја оваа посебна амајлија за да ве потсеќа дека вие ја креирате личноста која ќе одлучите да бидете.
Истрајност
Симбол: Желка
Имате способност да се соочите со предизвиците и да ги надминете потешкотиите преку повторно пронаоѓање на победничкиот дух во себе.
Носете ја оваа амајлија како симбол на издржливоста и долговечноста.
Надеж
Симбол: Сидро
Моќна и вечна сила која ви овозможува да врвите напред, дури и кога ви се чини дека сè околу вас запрело.
Носете ја оваа амајлија за да ве потсеќа дека откажувањето е моментална одлука, но надежта е вечна.
Среќа
Симбол: Школка
Непредвидлива и неконтролирана сила која има моќ да ги менува настаните.
Носете ја оваа амајлија за да ве потсети дека вашата посебност има огромни можности и запомнете дека среќата секогаш ги следи храбрите.
Љубов
Симбол: Срце
Најмоќната сила на светот која невозможното го прави возможно. Љубовта е вечна и непобедлива.
Носете ја оваа амајлија да ве потсеќа да љубите безусловно.
Преродба
Симбол: Ѕвезда
Сила која ви помага да ја пронајдете вистинската суштина, да продолжите по вистинскиот пат или да изберете нова дестинација.
Носете ја оваа амајлија да ве потсеќа дека секогаш во секој подвиг треба да тргнете од себеси.
Каролина Гочева е една од македонските дами кои го засилуваат сопствениот блесок со колекцијата „Sentimenti“.
Искажете емоции, сонувајте и верувајте…
Rebecca Macedonia на Instagram
Продажното место на Rebecca се наоѓа во ТЦ Рамстор