Викторија Бекам е на бизнис патување во Париз и ги искористи папараците за промоција на сопствениот бренд.
47-годишната дизајнерка беше фотографирана пред хотел во француската метропола со најнови креации од нејзиното ателје. Со нејзин потпис се и црниот кошула-фустан и црната чанта со златни детали.
Бекам објави дека во Париз ја промовира новата линија чанти и дека чантата што ја носи е токму дел од најновата модна понуда.
Во црниот стајлинг Викторија додаде и свежина со помош на впечатливи салонки од Маноло Бланик.