Ева Лонгорија посветено и активно ја промовира својата нова серија „Land of Women“.
49-годишната актерка посети неколку емисии и промотивни настани и остави голем впечаток со своите модни избори.
Атрактивната актерка промени ОСУМ стајлинзи во само еден ден.
За гостувањето во студиото ABC во Њујорк, Лонгорија мамеше воздишки во црвен латекс фустан со шлиц.
Претходно, таа беше фотографирана во припиен фустан, кој одлично ги истакна нејзините облини.
Додека се дружеше со Џими Фелон во неговото шоу „The Tonight Show“, Ева шармираше во бел краток сако-фустан со складни салонки.
Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ привлекуваше погледи и во сив долг фустан со разголени раменици. Овој моден избор, таа го комплетираше со сребрени обувки на високи потпетици.
Лонгорија изгледаше занесно во две нежни комбинации во розова и бисерна нијанса.
Црна корсет креација беше изборот на Ева за промотивен вечерен настан за новата серија.
На настан организиран од списанието DuJour, Ева се појави во црн костум.