Вини Харлоу е пример за самодоверба. 22-годишниот модел страда од витилого, болест која се карактеризира со бели дамки на кожата, но не се обидува да ги прикрие флеките.
Младата Канаѓанка самоуверено позираше на црвениот тепих на Британските модни награди во црна креација со екстремен шлиц. Фустанот доаѓа од модниот бренд Baja East, а нејзините обувки се дело на францускиот дизајнер Кристијан Лобутин.
Додека растела, Вини постојано била исмејувана и навредувана со прекари како „крава“ и „зебра“. Сепак, тие „удари“ не ѝ ја наведнале главата. Таа смело напредува во модната индустрија и сè почесто е гостинка на свечености во светските метрополи.