Почетна » Новости » Мода » Модел на годината: Бела Хадид елегантна на доделувањето на наградите на „GQ“

Модел на годината: Бела Хадид елегантна на доделувањето на наградите на „GQ“

„GQ“ ја прогласи Бела Хадид за Модел на годината за 2016. 19-годишната Американка присуствуваше на доделувањето на наградите на познатото машко списание за да си ја подигне посакуваната награда.

На црвениот тепих во Лондон, атрактивната манекенка зачекори во елегантна бежова креација со шлиц од Хуго Бос. Стилскиот избор на Хадид за вечерта беше надополнет со сандали од Џими Чу и блескав накит.

Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид

Во својот говор, популарната бринета ѝ се заблагодари на својата мајка Јоланда Фостер и изјави дека е среќна што таа е присутна на свеченоста. „Ова е веројатно првпат во четири години мајка ми да е надвор од својот кревет, нашминката и со фризура. Многу сум среќна што е тука“ – рече Бела. На Фостер, која е поранешен модел, ѝ беше дијагностицирана лајмска болест во 2012 година.

Бела со мајка си Јоланда ФостерБела со мајка си Јоланда Фостер Бела Хадид Бела Хадид

Хадид позираше и со познатиот модел со облини Ешли Грем, која ѝ ја додели наградата.

Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20882 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.